СДСМ: Напредуваме економски и политички, Македонија е фактор на стабилност на Балканот

од Vladimir Zorba
129 прегледи

„Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски Република Северна Македонија напредува и економски и политички. Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот“, посочуваат утрово од Бихаќка.

„Нашата држава ги има уредено внатрешните односи на највисоко можно ниво и ги има решено отворените прашања со соседите

Ние сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.

Голема чест и признание за нас, е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, како значајно постигнување за мирот, помирувањето и економскиот развој како клучни предуслови за забрзан прогрес за целиот Западен Балкан кон ЕУ, се случи токму во Охрид.

Северна Македонија секогаш ќе биде пријател на сите земји од соседството и ќе продолжи по патот на европските интеграции и на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави“,порачаа од владејачката партија.

Слични содржини