Актерот Брус Вилис на 19 март го прослави својот 68-ми роденден.
По тој повод неговите најблиски му приредија изненадување.
Имено, сопругата на актерот Ема, како и неговата поранешна сопруга Деми Мур и сите деца на Брус му пееле роденденска песна, а потоа славеникот ги дувнал свеќите на тортата.
Цело време сите беа насмеани и расположени, некои носеа маици со ликот на Брус, а меѓу гостите беше и ќерката на Вилис и Дема, Румер, која наскоро треба да се породи.
Од фотографиите кои ги објавија на Инстаграм може да се види дека сите се потрудиле на актерот да му ја подарат најубавата и највеселата прослава.
Потсетуваме, минатата година беше објавено дека Брус Вилис боледува од деменција, а неговото семејство неодамна објави дека состојбата му се влошува, но дека се обидуваат да му пружат безрезервна поддршка.