Битолчанец завршил на Токсикологија откако му се слошило од течност во кафуле

од Nikola Popovski
114 прегледи

На 45-годишен маж од Битола му се слошило во угостителски објект, откако испил мистериозна течност. Тој потоа бил однесен и задржан во Клиничката болница во Битола, од каде што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Според пријавеното, А. Т. испил кафе и побарал пакувана вода, а кога ја испил течноста, му се слошило.

-На ден 21.3.2023, околу 15:30 часот, во СВР Битола, Л. Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат А. Т. (42) од Битола му се слошило откога испил кафе и вода во угостителски објект во Битола по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Битола.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.

Слични содржини