Сана Марин загуби на изборите во Финска

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Актуелната премиерка на Финска, Сана Марин, го призна поразот на изборите кои вчера се одржаа во земјата откако заврши на третото место зад двете десничарски партии: конзервативната Национална коалициска партија и екстремно десничарската Партија на Финците.

„Му честитам на победникот на изборите, ѝ честитам на (конзервативната) Национална коалициска партија, ѝ честитам на (екстремно десничарската) Партија на Финците“, рече Марин во обраќањето.

„Ова е голема победа“, им рече Орпо, претседателот на конзервативната партија Национална коалиција, на своите поддржувачи, додавајќи:

„Врз основа на овој изборен резултат ќе започнеме преговори за формирање влада“.

Слични содржини