Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе се појави пред судот во Њујорк под обвинение дека за време на изборната кампања во 2016 година ѝ платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење во врска со наводите за сексуална афера со Трамп.
Пред да се појави пред судијата Хуан Меркан, како дел од редовната постапка, најверојатно ќе му бидат земени отпечатоци и ќе биде фотографиран, пренесува „Гласот на Америка“.
Откако беше објавено обвинението, судските службеници, претставниците на полициската управа во Њујорк и обезбедувањето на Трамп одржуваат состаноци за да го координираат планот за појавувањето на Трамп – од прашањето по кои ходници ќе поминува и кои улици во близина ќе бидат блокирани, до тоа на кои локации ќе биде забранет паркинг.