СЗО: Неплодноста погодува еден од шест парови

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Неплодноста погодува еден од шест парови ширум светот, според неодамна објавениот извештај на Светската здравствена организација (СЗО). Во земјите со високи приходи, неплодноста погодува 17,8 отсто од возрасната популација, а во земјите со низок и среден приход таа бројка е 16,5 отсто.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека извештајот покажува дека неплодноста влијае на сите делови од општеството.

„Тоа може да предизвика и душевна болка“

„Соодносот на луѓе погодени од неплодност укажува на потребата да се обезбеди пристап до третман во најголема можна мера и повеќе да не се заобиколува овој проблем кога станува збор за научно истражување и здравствена политика, со цел да се обезбеди безбеден, ефикасен и пристапен начин за постигне родителство за оние кои го сакаат тоа“, рече шефот на СЗО.

СЗО ја дефинира неплодноста како болест на машкиот или женскиот репродуктивен систем поради неуспехот на жената да забремени по 12 или повеќе месеци незаштитен однос.

„Тоа може да предизвика душевна болка, стигма и финансиски проблеми и да влијае на менталната и психосоцијалната благосостојба“, наведуваат од СЗО.

СЗО го заснова својот извештај на 133 од 12.000 истражувања спроведени ширум светот од 1990 до 2021 година.

Слични содржини