Се шират лажни „затворски фотографии“ од Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Доналд Трамп гледа директно во камерата облечен во црна маица, гледа на страна или превртува со очите во затворско одело се само дел од фотографиите кои кружат на интернет по вчерашното апсење на поранешниот американски претседател.

Неколку лажни полициски фотографии од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, направени по неговото апсење во Њујорк, станаа вирални и покрај тоа што Трамп не позираше пред полицајците.

Откако пристигна во судот, на Трамп му беше земен отпечаток од прст, но не беше фотографиран, изјави полицијата за АП.

Лажните фотографии, од кои некои користеле вештачка интелигенција, измамиле многу корисници на социјалните мрежи.

Во ширењето на лажни фотографии учествуваше и самиот Трамп, кој се изјасни за невин по 34 точки од обвинението. Поранешниот американски претседател реши да заработи од сопствените лажни фотографии, па на неговата официјална веб-страница можете да купите маица со „затворска фотографија“ од Трамп.

Слични содржини