„Како да преживееш во американски затвор“: Од Русија пристигна телеграма за Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Рускиот трговец со оружје, Виктор Бут, кој неодамна американските власти го разменија за американската кошаркарка Бритни Грајнер, го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да дојде во Русија и оттаму да започне антиглобалистички бунт, пренесоа руски медиуми.

Бут, сега член на Либерално-демократската партија на Русија, денеска му испрати телеграма на Трамп за тоа како да преживее во американски затвор. Тој истакнал дека „знае за што зборува“, бидејќи поминал речиси 15 години во затвор во САД.

„Денеска му испратив телеграма на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Верувам дека неговиот живот е во опасност. Започнатото судење нема да заврши само така. Најверојатно, тој едноставно ќе биде уништен. Сакам да го поканам во Русија, каде што може да биде безбеден да води антиглобалистички бунт“, изјавил Бут пред новинарите по испраќањето на телеграмата.

Слични содржини