199
Состојки:
– 50 гр овесни снегулки
– 200 мл млеко
– 50 мл сок од портокал
– 1 лажичка мед
– 2 лажици рендано темно чоколадо
– мелени или сечкани ореви, по желба, за посипување
Подготовка:
Во сад ставете ги сите состојки освен медот, јаткастите плодови и чоколадото.
Варете на умерена температура три до четири минути, додека течноста не испари.
Тргнете од шпорет и во топлата каша додадете рендано чоколадо и мед, па сè убаво измешајте.
Послужете топло и посипете со мелени или сечкани ореви по желба.