Северина го „сруши“ интернетот со својата најнова фотографија, позираше како од мајка родена

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Пејачката Северина Вучковиќ по повод 51-виот роденден на Инстаграм објави фотографија од времето кога била бремена со синот Александар, на која позира како од мајка родена.

„(Како) од мајка (јас) се родив пред педесет и едно лето. Пред нешто повеќе од 11 години, самата станав мајка и почувствував што е #unconditionalove. Нема ништо поубаво на светот од тоа кога првиот кој ви честита е мало чудо што ти пораснало под срцето“, напиша таа во описот на црно-белата фотографија и објавата веќе има над 41.000 лајкови.

„Убава фотографија, воопшто не си се променила во последните 11 години, драга Севе. Среќен роденден од се срце“ – гласеше еден од коментарите на фотографијата, а веднаш потоа следуваа и бројни други роденденски честитки.

Слични содржини