МНР ја повика на разговор грчката амбасадорка после упадот на членови на „Златна зора“ на изложбата на Андреевски

од Nikola Popovski
160 прегледи

Министерството за надворешни работи (МНР) се огласи со реакција после синоќешниот упад на членови на грчката ултрадесничарска партија Златна Зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун. Од МНР велат дека немало демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, но поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот.

-За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, стои во соопштението.

Додаваат дека во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите.

Како што објави грчката телевизија „ЕРТ“, повеќе маскирани лица со фантомки на главата, влегле во галеријата Ремецо, го натерале сликарот да ги тргне уметничките и му рекле дека не смее да ги презентира.

Маскираните потоа со лента го „запечатиле“ просторот пред влезот на галеријата и залепиле налепници со симболот на „Златна зора“.

Слични содржини