Ретроградниот Меркур силно гази, а бидејќи е во Бик, тоа е предупредување дека не треба да се надеваме на големи парични приливи. Сепак, одредени знаци ќе имаат поголема финансиска среќа од другите.
Поради положбата на планетите во Бик, луѓето поминуваат денови размислувајќи како попаметно да инвестираат пари, но всушност поентата е со ваквите одлуки да чекаме до 15 мај бидејќи Меркур ни го нарушува логичното расудување.
Во периодот до 6 мај прилив на пари ќе имаат Ракот, Близнаците, Бикот и Овенот.
РАК
Венера е се поблиску до вашиот знак, па носи подароци во наредниот период. Сонцето е во Бик, па со пријателите ќе работите на проект кој ќе ви донесе дополнителни финансии. Одличен период за заработка. Бикот ќе биде добар партнер за заработка.
БЛИЗНАЦИ
Користете го Марс во Рак за да соберете пари кои не пристигнале со месеци. Венера се приближува и до Ракот, па можете да очекувате подароци од најблиските. Вистина е дека вашата планета Меркур е ретроградна, но нема да имате финансиски проблеми.
БИК
Многу планети во вашиот знак носат многу планови, идеи и потенцијални преговори за пари. Ќе доцнат поради ретроградниот Меркур, но сигурно ќе пристигнат. Не вложувајте големи пари пред средината на мај кога е подобар период.
ОВЕН
Многу планети во вашата втора куќа ви носат можност за добра заработка. Ќе имате повеќе можности за заработка, па сигурно е дека ќе заработите повеќе отколку што очекувавте. Можност за дополнителна работа со скратено работно време.