Во Скопје санкционирани 238 возачи, 53 возеле над дозволената брзина

од Vladimir Zorba
206 прегледи

На територија на град Скопје вчера се изречени 238 мерки за сообраќајни прекршоци меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 12 за управување возило под дејство на алкохол, осум за возење без возачка дозвола…

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Слични содржини