Поради зголемениот ДДВ загрозени чешките весници

од desk4
207 прегледи

Издавачите на весници во Чешка го критикуваат планираното зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дневните весници, што според нив може да ги „убие“ традиционалните весници во земјата.

Зголемувањето на даноците може да се покаже како „последна шајка во ковчегот за ваков тип на медиуми“ во земја-членка на ЕУ, објави денеска чешката Асоцијација на издавачи.

Владиниот план за консолидација на државниот буџет, претставен вчера, предвидува зголемување на ДДВ за дневните весници од 10 на 21 отсто.

– Зголемениот данок може да го клекне независното новинарство, предупреди Петр Хонжејк, коментатор од „Хосподарске новини“.

Тој ја спореди ситуацијата во Германија, каде данокот за весници е намален на седум отсто.

Додека издавачите на книги се во подобра ситуација, бидејќи се планира во иднина тие воопшто да не се оданочуваат во Чешка.

Слични содржини