Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Реџеп Тајип Ердоган победи во вториот круг од турските претседателски избори со 52,14 отсто од гласовите, ги објави официјалните резултати претседателот на Високата изборна комисија, Ахмет Јенер.

Вчера Јенер изјави дека по 99,43 отсто отворени гласачки кутии, ривалот на Ердоган, опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто од гласовите, пренесе „Ројтерс“.

Јенер изјави дека Ердоган добил повеќе од два милиони гласови повеќе од Киличдароглу и дека непреброените гласови нема да го променат резултатот.

Слични содржини