СДСМ денеска обвини дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот, односно дека, како што велат, за една и пол година градоначалникот потроши околу 50 милиони евра, а општината нема пари за ништо.
Од владеачката партија порачуваат дека ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи е катастрофална.
-Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори! Комуналец е над 40 милиони денари во минус! Водовод е во минус од 21 милион денари! Паркинзи во минус од над 1 милион денари! Заради ваквото недомаќинско работење ВМРО – ДПМНЕ ја загуби поддршката во Советот на Општина Битола, нагласи Менде Илиевски, советник во Советот на Општина Битола и додаде дека јавните претпријатија мора да ги управуваат домаќини и еснафи луѓе кои ја сакаат Битола.