Оставен куршум меѓу свеќите и цвеќињата пред ОУ „Владислав Рибникар“, известена полицијата

од Stefanija Kuzmanovska
582 прегледи

Пораки за поддршка, свеќи, цвеќиња, играчки се наредени пред основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар каде пред 40 дена се случи страшниот масакр во кој настрадаа девет ученици и вработен во обезбедувањето во училиштето.

На морничава и вознемирувачка глетка наиде репортерот на „Нова.рс“ кој сними оставен куршум врз спортска капa.

За случајот е известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој го оставил таму.

Слични содржини