Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска беше уапсен од американските власти кога влезе во судот во Мајами каде се соочува со федерални обвиненија дека незаконски чувал доверливи документи кога ја напуштил Белата куќа.
Во текот на постапката, на Трамп ќе му бидат земени отпечатоци од прст и ќе се изјасни за виновен, а судијата ќе одлучи за условите за неговото ослободување, пренесува CNN.
Соработникот на Трамп, Волт Наута, исто така беше обвинет за попречување на напорите на владата да добие документи.