185
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска по сослушувањето по обвинението за прикривање доверливи документи изјави дека САД се корумпирана држава.
„Имаме држава која е корумпирана, која нема граници. Имаме држава која нема ништо друго освен проблеми“, рече Трамп откако го напуштил судот во Мајами, пренесува Sky News.
Тој додава дека американската нација е во опаѓање и дека во таква ситуација „тие прават вакви работи“, мислејќи на членовите на Демократската партија.