Чоколадни мафини со кокос

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Состојки:

– 300 гр брашно

– 250 мл млеко

– 200 гр темно чоколадо

– 130 мл масло

– 40 гр кокосово брашно

– 30 гр какао

– 2 лажички прашок за пециво

– 2 јајца

– 120 гр шеќер

– 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте го брашното со какао правот, кокосовото брашно и ванилиниот шеќер.

Шеќерот и јајцата се матат додека не станат кремасти, па се додаваат млекото, маслото и мешаните суви состојки.

Сега исклучете го миксерот и додадете ги чоколадните парчиња, па измешајте со лажица.

Калапот за 12 мафини обложете го со хартиени корпи и распоредете го тестото.

Печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени 20 до 25 минути.

Слични содржини