Маричиќ со честитка за Курбан Бајрам: Зајакнување на единството за подобра иднина на сите

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед, по повод денешниот празник Курбан Бајрам, со желба празничните денови верниците да ги поминат во добро здравје, среќа и благосостојба.

Меѓу другото во честитката стои:

„Курбан Бајрам е време на зајакнување на свеста за правење жртва за она што е минливо во корист на трајните вредности и поголема цел.

Затоа нека овој голем празник биде дополнителен поттик за зајакнување на нашите човечки и духовни вредности, пријателски и семејни врски, меѓусебна солидарност, но и за зајакнување на единството како темел за врз кој ќе изградиме подобра и посветла иднина за Северна Македонија и за сите што живеат во неа”.

Слични содржини