Обожавателите на хит серијата „Сексот и градот“ многу добро знаат дека на почетокот на серијата сите актерки во еден момент се соблекоа – освен Сара Џесика Паркер.
Ѕвездата на серијата во неодамнешното интервју со Хауард Стерн објасни зошто го одбила тоа. Таа откри дека на почетокот се двоумела дали да го потпише договорот бидејќи не сакала да снима голи сцени.
„Мислев дека сценариото е навистина интересно, возбудливо, различно и свежо и никогаш не сум видела такво нешто“, рече таа.
„Мојата единствена грижа беше што едноставно не се чувствував удобно гола и се сомневав дека тоа ќе биде дел од серијата иако не беше во пилотот“, додаде актерката.
Таа потоа изјави дека креаторот на серијата Дарен Стар ѝ рекол: „Тогаш немој да го правиш тоа. Ќе имаме и други актерки, ако им е удобно да го прават тоа, тие ќе го направат тоа, но ти не мораш“.
„Мислам дека никогаш не сум се чувствувала удобно да се изложувам на тој начин“, рече Паркер и појасни дека не сака да снима такви сцени бидејќи е срамежлива.
„Никогаш не сум осудила некој што го прави тоа. Тоа не е прашање на морал“, заклучи таа.