205
Жена била удрена од автомобил на улица во Битола, известуваат од МВР.
Според полицискиот билтен, на 03.07.2023 во 09.45 часот во СВР Битола пријавено е дека на ул.„Игњат Атанасовски“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(43) од Битола, удрило во пешак Ф.С.(79) од Битола.
-Во несреќата Ф.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, појаснуваат од полицијата.