Тајни разговори на поранешни американски функционери со Лавров: На маса „најтешките прашања“

од Vladimir Zorba
564 прегледи

Група поранешни американски безбедносни функционери разговарале со голем број истакнати Руси во врска со можниот мировен договор со Украина, меѓу кои и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, пишува NBC News.

Оваа неофицијална средба се одржала во Њујорк уште во април, а средбата на која присуствувал и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров траела неколку часа, соопштија четворица поранешни и двајца актуелни функционери.

На дневен ред на состанокот биле некои од најтешките прашања за војната во Украина, како што се судбината на териториите под руска контрола и барањето дипломатско решение кое би можело да биде прифатливо за двете страни.

Ричард Хас, поранешен дипломат и претседател на Советот за надворешни односи во заминување, разговарал со Лавров, соопштија сегашни и поранешни функционери, пишува NBC News.

На групата и се придружиле експертот за Европа, Чарлс Купчан и експертот за Русија, Томас Греам, поранешни функционери на Белата куќа и Стејт департментот кои се соработници на Советот за надворешни односи.

Слични содржини