На сите им требаат пари и отсекогаш било точно дека некои имаат повеќе, а некои помалку. Астрологијата дошла до заклучок дека на количината на пари може да влијае хороскопскиот знак. Еве кои знаци имаат најмалку шанси да се збогатат:
Близнаци
Овој знак е многу неодлучен, а неговата неодлучност не се гледа само во малите работи (дали да јаде пица или јаболко), туку и во големите и важни работи во животот. Таа неодлучност може да ги чини многу клучни животни моменти и потези. Додека Близнаците размислуваат што би можеле да направат и како би го направиле тоа, некој може да дојде до истата идеја и да им ја украде работата.
Вага
Тие се големи перфекционисти и критичари, како на себе така и на другите. За да започнат одредена работа, прво мора да се убедат себеси дека се способни за тоа, особено ако знаат дека постои ризик нешто да пропадне, се двоумат и не се согласуваат додека не се чувствуваат безбедно. Ваквите потези може да ги наведат да донесат лоши одлуки и можности да „бегаат“ пред нивните очи.
Риби
Сакаат да се чувствуваат безбедно и секогаш да имаат „план Б“ за да се обезбедат во случај некоја зделка или договор да не успее. Како и претходните два знака, тие се многу внимателни, а тоа може да ги чини многу можности, и деловни и финансиски и љубовни.