Се уште нема извештај од стручната комисија за случајот со родилката која скокна од Гинекологија

од Nikola Popovski
295 прегледи

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека се уште нема извештај од стручната комисија за случајот со родилката која на почетокот на овој месец имаше обид за самоубиство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК).

– Првите упатувања беа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), од инспекторите. Ние нормално постапивме по закон, по ред како што е. Има стручна комисија. Се уште немаме извештај од стручната комисија. Во моментот кога ќе имаме извештај, во ист момент ќе го споделиме со медиумите, рече министерот Меџити одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Клиниката ендокринологија.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) преку соопштение информираше дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) е констатиран пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката која пред неколку дена имаше обид за самоубиство. На Универзитетската клиника за психијатрија не се констатирани недостатоци по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање.

Заклучоците по извршените вонредни инспекциски надзори во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство и ЈЗУ УКМ за психијатрија беа објавени на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 6 јули 2023 година.

Слични содржини