374
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека тој и другите лидери на НАТО покажале дека воената алијанса останува „пообединета од кога било“, додавајќи дека Украина ќе се приклучи на НАТО, но и дека Русија „веќе почнала да се меша во американските избори“ за ноември 2024 година.
Тој додаде дека не постои реална основа рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје, како и дека „Путин веќе ја загуби војната во Украина“, но и дека Путин на крајот ќе сфати дека не е во интерес на Русија да продолжи со војна.
Кога станува збор за приемот на нови членки на НАТО, Бајден рече дека приемот на Шведска и Финска „ќе го направи светот побезбеден“, додека, што се однесува до Украина, ќе мора да почека до крајот на војната.