Бајден издаде наредба: До 3.000 американски војници пристигнуваат во Европа

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден го овласти Пентагон да испрати до 3.000 воени резервисти на американската армија во Европа, објавено е на веб-страницата на Белата куќа.

„Ги овластувам државниот секретар, секретарот за домашна безбедност и крајбрежната стража, кога не дејствуваат како служба во морнарицата, да наредат на активна должност која било единица или поединечен член што не е назначен никаде, да биде во служба на американската команда во Европа. Тој број не треба да надминува 3.000 војници“, рече Бајден.

Исто така, од таа бројка, околу 450 лица од поединечните резервни сили ќе бидат распоредени во USEUCOM (Американската команда за Европа), пренесува „Спутник“.

Слични содржини