Хакерската група „Злобни руски хакери“ (RaHDit) ги објави рутите на цивилните бродови од кои можело да бидат лансирани дронови за напад на мостот на Крим.
„RaHDit, како одговор на терористичкиот чин извршен од Службата за безбедност на Украина, во кој беше уништен дел од мостот на Крим, ги објави рутите на бродовите од кои најверојатно биле лансирани поморски дронови со експлозив“, изјавија за „Спутник“ од хакерската група.
Според соопштението на хакерите, нивното истражување покажува дека два танкера „Бекс Лојал“ и „Кудајар Јусифзаде“ можеле да учествуваат во операцијата за лансирање на беспилотни пловила за напад на мостот.
Еден од нив пловел неколку дена пред терористичкиот акт покрај рускиот брег во Црното Море, на 100 километри од Новоросијск. Другиот брод се движел јужно.
Подоцна, танкерите се сретнале на море.
Хакерите веруваат дека во тој момент беспилотните летала биле префрлени од еден на друг танкер.
Групата RaHDit истакнува дека за управување со беспилотните пловила најверојатно бил користен друг брод, кој пловел со директен поглед на мостот на Крим.
Познати се сопствениците на бродовите
Споменатите танкери, кои пловат под знамињата на Маршалските Острови и Либерија, се регистрирани во пристаништата на Малта и Грција.
Според веб-страницата „Марин трафик“, бродот „Кхудајар Јусифзаде“ испловил од пристаништето Измаил (Украина) на 5 јули и пристигнал во Елефсина (Грција) на 18 јули. Танкерот е изграден во 2011 година и плови под знамето на Либерија.
„Бекс лојал“, врз основа на податоците од истата веб-страница, на 13 мај отпловил од пристаништето Тузла (регионот Истанбул, Турција) и пристигнал во Констанца (Романија) на 18 јули. Бродот е изграден во 2004 година и плови под знамето на Маршалските Острови.
Податоците со отворен код покажуваат дека бродот „Кхудајар Јусифзаде“ е регистриран во Валета (Малта) и е во сопственост на Palmali Gemicilik ve Acentelik AS (Palmali Shipping & Agency).
„Бекс лојал“ е регистрирана во пристаништето Пиреја (Грција), а сопственик е Owner Beks Shipmanagement & Trading A.S.
Вториот брод е значително поголем: долг 228 метри во споредба со 140 метри.