Актерот Кијану Ривс неодамна се врати на својата рок кариера како басист на бендот Dogstar.
Во 1991 година, Ривс го формираше бендот Dogstar со Роберт Мејлхаус, кого го запознал во продавница и се зближиле поради хокејот, додека Брет Домроус и Грег Милер се приклучија за да го заокружат бендот. Бендот беше активен од 1991 до 2002 година, имаше бројни настапи во живо и издаде два студиски албуми: Our Little Visionary од 1996 година и Happy End од 2000 година.
Ривс свиреше бас гитара и беше придружен вокал. Во 2002 година, групата се распадна бидејќи Ривс почна да се прославува во Холивуд. Dogstar повторно се обедини по паузата за настап на музичкиот фестивал BottleRock Napa Valley во мај оваа година, а во вторникот го одржаа својот прв солистички концерт по повеќе од 20 години во The Roxy во Лос Анџелес.
Spent an evening at The Roxy watching Keanu Reeves jam with his band Dogstar pic.twitter.com/FUGl3sVPAI
— Kirsten Chuba (@KirstenChuba) July 19, 2023
На концертот тие го претставија и новиот сингл Everything Turns Around кој излегува во среда, а е преглед на новиот албум Somewhere Between the Power Lines and Palm Trees кој треба да излезе на 6 октомври. Dogstar планира и турнеја од 25 шоуа во Северна Америка и Јапонија.
„Возбудени сме поради ова“, рече Домроуз пред бендот да го објави новиот сингл.
Зборувајќи за бендот во интервју за GQ во 2019 година, Ривс рече дека се чувствува лошо за другите музичари, за кои сметал дека биле осудени поради тоа што биле вклучени во неговиот спореден проект, но додаде: „Претпоставувам дека би помогнало ако нашиот бенд беше подобар“.