Продолжува битката со пожарите во Грција на четири фронта, најтешко на Родос

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Битката со пожарите во Грција продолжи и денеска на четири главни фронта – на островите Родос, Крф и Евија и областа Дерванакија во Ахаја.

На Родос, противпожарните единици се обидуваат да ги локализираат активните пожари, а од утрово продолжува гаснењето од воздух, пренесува „Катимерини“.

За помош на пожарникарите на копно во моментов се распоредени два авиона и три хеликоптери, а нивниот број ќе се зголемува во текот на денот.

Слични содржини