Ковачевски: Нашето место не е назад во изолација, туку напред во европското семејство

од Vladimir Zorba
306 прегледи

„Нашето место не е назад во изолација, туку напред во европското семејство на народи и државите, со кои културно се натпреваруваме, како што и го видел светот уште пред повеќе од еден век, великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев“, изјави денеска Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на свеченоста посветена на 2 Август – Денот на Републиката, што се одржа пред Споменикот на Слободата- „Слава, сила и победа” на Тврдината Кале во Скопје, како дел од одбележувањето на денешниот голем државен празник, под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината”..

„По трнлив пат, со безброј предизвици, однадвор и одвнатре, кој што сè уште ги има, но и со големиот влог на низа одговорни генерации кон својата татковина, кон младите и кон идните поколенија, денес сме дел од демократските сојузи на народи и држави, по патот на напредокот.

Секако, ниту еден успех не е постигнат еднаш засекогаш. Поуката од минатото е дека иднината зависи едниствено од изборот што го правиме денес. Затоа, тој избор – нека не се предрасуди! Нека е тоа Огништето! Нека е нашата Татковина! За доброто на сите!“, истакна Ковачевски.

Слични содржини