Пелоси: Трамп изгледаше како „исплашено кученце“ во Вашингтон

од Vladimir Zorba
576 прегледи

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп изгледал како „исплашено кученце“ во Вашингтон, каде што се појави на суд под обвинение дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

„Не бев во судницата, но кога го видов како излегува од автомобилот, видов исплашено кученце“, изјави Пелоси за MSNBC.

Таа додаде дека Трамп изгледал „многу, многу загрижен за неговата судбина“.

„Тој ја знае вистината. Вистината дека ги загуби изборите. Сега мора да се соочи со неа“, рече Пелоси.

Трамп вчера се изјасни за невин по обвинението кое го товари за обиди да ги поништи резултатите од претседателските избори во САД во 2020 година.

Специјалниот обвинител Џек Смит во вторникот поднесе обвинение против Трамп, кое се состои од четири точки во кои поранешниот претседател е обвинет за измама на САД, заговор за попречување на службените постапки (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службената постапка, како и кршење на правата загарантирани со законите и Уставот на САД.

Слични содржини