Пожар избувна денеска напладне во шумска област во околината на Мелисонас Каристос, на југот од островот Евија, во Грција.
Пожарникарите кои се на лице место добиле засилување, бидејќи пожарот избувнал во непристапен дел што им ја отежнува работата, а дува и силен ветер, но не е загрозена ниту една станбена зона, објави грчкиот портал „Прототема“.
На терен се 58 пожарникари и 20 возила, а во функција се и четири авиони и четири хеликоптери.
Локалните власти ги истражуваат причините за пожарот.