Тешко е да се снимаат филмови и треба да работите на заедничка етика и да дадете се од себе. Не сакате да работите со луѓе на кои не им е грижа или кои глумат лудило на снимање. На кого му треба тоа? Животот е премногу краток“, изјави еден од најдобрите американски актери Роберт де Ниро кој денес го слави својот 80-ти роденден.
Актерот роден во Њујорк оствари толку многу маестрални улоги на големото платно, освои толку многу признанија и освои толку многу награди што би било невозможно да се изостави неговото име од листата на најдобри американски актери на екранот.
Пред се, акцентот е ставен на филмовите што ги снимил со режисерот Мартин Скорсезе, а кои го направиле бесмртен: „Таксист“, „Разјарениот бик“, „Добри момци“, „Казино“.
Потоа одличните актерски способности ги примени и во неколку романтични комедии во втората половина од кариерата.
Дури и во споредните улоги беше впечатлив, како во филмот „Џеки Браун“ на Квентин Таратино.
Иако денес полни 80 години, познатиот актер не покажува знаци дека се повлекува од актерството. Во октомври во кината ќе пристигне новиот филм „Killers of the Flower Moon“, неговата 11-та соработка со Скорсезе. Филмот доби деветминутни овации за време на светската премиера на Канскиот филмски фестивал.