Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД и актуелен главен претседателски кандидат на Републиканската партија за изборите во 2024 година, формално беше уапсен во државата Џорџија.
Според тамошните закони, кога некој ќе биде обвинет, мора да дојдете во полициска станица каде што ќе биде фотографиран.
Многу луѓе едвај чекаа да излезе оваа фотографија од поранешниот американски претседател, но Доналд Трамп направи нешто изненадувачки.
https://t.co/MlIKklPSJT pic.twitter.com/Mcbf2xozsY
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 25, 2023
Имено, тој преку мејл до своите фанови ја испрати фотографијата од затвор. Во тој мејл тој побарал да му бидат донирани пари за претседателската кампања.
Да потсетиме, Трамп беше обвинет дека се обидел да ги промени изборните резултати. Спорен е повикот до функционерите на сојузната држава Џорџија, каде побарал да му „пронајдат“ 13 илјади гласови.
Веднаш штом беше формално уапсен, платена е кауција од 200 илјади долари, а Трамп беше пуштен да се брани од слобода.