Критиките за наводниот наратив за „Голема Албанија“ е одраз на стравот на ДУИ од изборен пораз, реагираат од Алтернатива

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Ја поздравуваме реакцијата на Груби. Нема поголема услуга од овој доказ и потврда дека ДУИ се невидени лицемери и подобни Албанци за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од Алтернатива на изјавата на вицепремиерот.

„Кога претставниците на ДУИ се перчат со УЧК, споменици, знамиња…тогаш тоа е нормално, уставно и законски за институциите. Критиките за наводниот наратив за “Голема Албанија” е одраз на стравот на ДУИ од изборен пораз, кој неминовно следи. Обединувањето на Албанците во културолошка и духовна, а не во територијална димензија, е сржта и фундаментот на самата ЕУ. Никој да нема дилема дека обединетата албанска опозиција е директен чинител за остварување полноправното членство во ЕУ. За разлика од некој други ние никогаш нема да ги злоупотребуваме ЕУ и стрстешкото сојузништво со САД за коруптивни зделки и лична корист“, се додава во реакцијата.

Слични содржини