1,4K
Четири деца мигранти се удавија денеска во близина на грчкиот остров Лезбос, додека една жена се удави во близина на островот Самос, соопшти грчката влада. Како што е наведено, сите пет лица се удавиле додека се обидувале да го преминат морето од блиската Турција, пренесува „Ројтерс“.
Грчката крајбрежна стража утрово спаси 23 лица во турските води, но четворица од нив загинаа, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис.
Починале осумгодишно момче и три девојчиња на возраст од 8, 11 и 14 месеци.