Пендаровски се сретна со Павел – зборувале за македонските аспирации за членство во ЕУ

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Прага со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, со што започна неговата официјална посета на Чешката Република.

Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателот Павел, на која беа потврдени искрените пријателски односи меѓу двете држави. На средбата се разговараше за македонските аспирации за членство во Европската Унија, партнерството во НАТО, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина. Потоа следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала.

Слични содржини