Поранешниот лидер на Proud boys осуден на 22 години затвор за нападот на Капитол

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Енрике Тарио, поранешниот лидер на екстремно десничарската група Proud boys, е осуден на 22 години федерален затвор под обвинение за бунт и заговор во врска со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, пренесува Ен-Би-Си.

Неговата казна е најголема досега во случајот од 6 јануари, надминувајќи ги 18-те години што ги доби основачот на Oat Keepers, Стјуарт Роудс, кој беше осуден за истото дело.

Тарио беше еден од четворицата членови на групата кои во мај беа прогласени за виновни за бунтот.

Слични содржини