Меџити размислува дали да го врати КАТО-системот на Онкологија

од Nikola Popovski
199 прегледи

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска обелодени дека имал индиции дека во минатото се случила некоја злоупотреба на Клиниката за онкологија, па откако станал министер, побарал од Инспекторатот да направат контрола. За овие десет месеци, според извештајот, нема некои пропусти, во секојдневното работење на клиниката.

Меџити појасни дека од Инспекторатот немале ингеренции во однос на лековите.

Тој даде одговор на прашањето дали би се вратил евентуално во употреба КАТО системот, којшто бил воведен со цел да се контролира употребата на цитостатиците. Најавил дека размислуваат во Министерството за здравство за таква опција или да се оди на друг систем за оваа намена.

Пред два месеца, може и повеќе, на моја иницијатива ги побарав претставниците на КАТО системот, уште пред да се знае за скандалот. Се интересирав зошто системот не е во функција. Тие образложија дека станува збор за добар систем, дека во милилитри го следи како се троши одредениот лек во дози, за да не се губи лекот. Но не значи дека системот препознава лек. Може да се стави и вода на тој систем, рече министерот на прес-конференција после промоцијата на новиот оддел на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.

Слични содржини