Пожарникари од Скопската бригада изгасиле пожар во локал во населбата Капиштец, информираат од МВР.
Во текот на вчерашниот ден во 02.15 часот во Полициската станица Центар од страна на чувар во угостителски објект на ул.„Народен фронт“ било пријавено дека околу 01.50 часот во објектот слушнал експлозија, по што настанал пожар, со кој бил зафатен инвентарот на објектот.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.