Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во Србија

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Во Србија во изминатите седум дена се регистрирани 3.998 лица заразени со коронавирусот, објавено е денеска на веб-страницата kovid19.rs.

Од 28 септември до 5 октомври биле тестирани 20.252 лица, објавено е на веб-страницата на министерството за здравство на Србија.

Состојбата на таа инфекција се објавува на секои седум дена, а следната ќе биде објавена на 12 октомври.

За седум дена пред тоа, од 22 до 28 септември, регистрирани се 3.848 лица заразени со коронавирусот, а во тој интервал биле тестирани 19.321 лице.

И во претходната недела, од 14 до 21 септември, регистрирани се 2.803 заболени, а тестирани се 13.297 лица.

На 14 септември на веб-страницата kovid19.rs беше објавено дека во претходните седум дена се регистрирани 1.529 лица заразени со коронавирусот, а тестирани се 7.437 лица.

На 6 септември властите објавија дека во Србија пристигнала нова варијанта на коронавирусот – подваријанта на омикрон ЕГ.5 наречена „Ерис“.

Слични содржини