Торта од бисквити и чоколадо која не се пече

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Брзата и едноставна подготовка ќе ве намами да ја направите, а потоа ќе ве освои со фантастичниот вкус. Не мора да додавате јаткасти плодови ако не сакате или немате.

Состојки:

– едно пакување бисквити

– 250 гр путер

– 2 јајца

– 3 штангли чоколадо за готвење

– малку ореви

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава растопениот путер и повторно се матат. Растопете го чоколадото, па додајте го во јајцата и путерот.

Потоа потопете ги бисквитите во млако млеко, наредете ги во плех да има ред бисквити и потоа ред фил додека не потрошите се. По желба помеѓу бисквитите и филот истурете мелени ореви.

Слични содржини