Одлуката на САД да испратат носач на авиони поблиску до регионот на Блискиот Исток може да доведе до масакр, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Што прави американски носач на авиони во Израел? Што ќе прави? Тие ќе ја урнат Газа со удари на околните области и ќе почнат да вршат сериозни масакри“, рече Ердоган на заедничката конференција со австрискиот канцелар Карл Нехамер.
Како што објави „Тајмс оф Израел“, тој повтори дека Турција е подготвена да посредува меѓу Израел и Хамас и додаде дека ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната.