Пендаровски: Во моментот има најголема поделба на македонското ткиво од деведесетите до денес

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека доколку нема двотретинско мнозинство за уставните измени до крајот на годината, за нив треба да одлучува идната коалиција и новиот парламентарен состав.

-Јас сум тој првиот кој јавно рече јас сум за францускиот предлог бидејќи тоа не ја руши Македонија. И јас ќе бидам до крај за тоа да ги направиме уставните промени час поскоро. Не бегам од тоа. Втората страна е, ако немаме шанса да дојдеме две третини, ако под претпоставка не можеме да го направиме ова првото денес, утре, задутре… до крајот на годината, да ја мавнеме таа работа, да ја ставиме ад акта и да му дозволиме на утрешниот парламентарен победник и коалиција да се занимава со тоа прашање. Бидејќи знаете со сила убавина не бива, рече Пендаровски во интервју за Вин-Вин на ТВ Телма.

Според претседателот на државата, „во моментот има најголема поделба на македонското ткиво од деведесетите до денес“.

Слични содржини