Состојки:
– три јајца
– две и пол лажици масло
– 2 дл млеко
– коцка квасец
– лажичка сол
– 1/2 кг брашно
– 200 гр презла
– 200 гр шунка
– 200 гр кашкавал
– масло за пржење
Подготовка:
Растворете го квасецот во малку млеко и замесете тесто од остатокот од млекото, брашното, маслото, едно цело јајце и две жолчки. Белките од двете јајца ќе ги искористите за валкање на пирошките. Посолете и развлечете го тестото веднаш. Тестото исечете го на кругови со дијаметар од околу 10 см. За ова можете да користите поголема шолја или нешто слично.
Во средината на круговите тесто ставете шунка и кашкавал и завиткајте ги во ролати. Сами ќе одлучите колку ќе ставите – за да не испадне смесата.
Изматете ги белките и со нив премачкајте ги пирошките, а потоа валкајте ги во презлата. Се оставаат околу 20 минути да нараснат пирошките, па се пржат на врело масло.