Пилешки ролати со шунка и моцарела

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– околу 600 гр пилешко бело месо

– 150 мл бело вино

– 100 гр моцарела

– 40 гр путер

– 4 листови шунка

– 2 млади кромидчиња или 1 праз

– оригано

– сол, бибер по желба

– масло

Подготовка:

Исечете го пилешкото по должина за да направите четири еднакви дела. Изудирајте го пилешкото со чекан за месо, зачинете со сол и бибер.

Секое парче пилешко покријте го со по еден лист шунка со околу 25 грама моцарела, со малку исечкан млад кромид или праз и оригано.

Свиткајте го пилешкото во ролат и фиксирајте го со чепкалка за заби.

Во тава загрејте го растителното масло, а потоа кратко пропржете ги ролатите од секоја страна додека не добијат убава златно-кафеава боја.

Преместете ги ролатите во плех и печете ги во рерна загреана на 180 степени.

Во тавата во која сте го пржеле месото, со путер пропржете го остатокот од младиот кромид или празот.

Прелијте го со бело вино и кратко варете додека се згусне. Зачинете го сосот со сол, бибер и оригано.

Со сосот прелијте ги печените пилешки ролати и по желба послужете ги со варен ориз или зеленчук.

Слични содржини