291
Грција утрово ја погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
„Екатимерини“ јавува дека земјотресот се случил во централна Евија, на длабочина од 14,2 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Атика.