Министерот за правда, Кренар Лога, ќе испрати со писмо до претседателот Стево Пендаровски, во која ќе побара да ја свика седницата на Советот за Безбедност.
-На оваа седница Лога ќе побара да се разгледа состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат, се вели во соопштението.
Посебно писмо, Лога ќе испрати и до министерот за внатрешни работи и директорите на АНБ и АР, каде ќе се побарат истите информации.
Вчера пратениците го отфрлија предлогот на Владата којашто уверуваше дека ова е решение за состојбите во казнено поправните установи.